Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Календар на МПЦ-ОА: Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

Календар на МПЦ-ОА: Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

1 min read
Календар на МПЦ-ОА: Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

Календар на МПЦ-ОА празници Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го слават споменот и Денот посветен на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски.

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но, кога царот дозна дека Григориј е христијанин, се налути многу и почна да го советува да се одрече од верата Христова и да им се поклони на идолите. Кога не успеа во тоа, Тиридат го подложи Григориј на маки и после многу измачување го фрли во една длабока јама исполнета со секакви отровни гадинки за така да го убие.

Но, Бог го сочува жив светиот Григориј во таа јама полни четиринаесет години. Потоа Тиридат го продолжи гонењето на христијаните во своето царство и удри на еден женски манастир во којшто имаше триесет и седум сестри со игуманијата Гајанија. Откако ги уби сите во страшни маки, Тиридат полуде и беше како дива свиња. На царевата сестра, пак, ѝ се јави во сон некој пресветол маж и ѝ рече дека нејзиниот полуден брат нема да оздрави додека Григориј не биде изваден од јамата. Кога го избавија, свети Григориј го исцели и го крсти Тиридат. Потоа според желбата на Тиридат, Григориј стана епископ на Ерменија и со помошта на царот, а најнапред со Божјата, ја просвети цела Ерменија и околните страни со верата Христова.

Својот многутруден живот свети Григориј го заврши на длабока старост, во 335 година. На неговото место беше посветен за епископ неговиот син Аростан, којшто го продолжи делото на татко му. Аростан беше еден од 318 отци на I Вселенски Собор.

Тропар

Верен слуга на Бога Живиот, во малку послужи, во многу Он те постави и преку тебе земјата Ерменска се просветли, о, велики Григорие, во тело плод донесе, од Духот плодот безброен стана, силата Христова во тебе се покажа кога паднатата природа со благодат се подигна. Моли се, светителе, моли се, мачениче, моли се, велики Божји угодниче, од верата вистинска да не отстапиме. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

Post navigation

Previous АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Next Поетски перформанс со американска поезија и авторката Jennifer Maloney во Охрид

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.