Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Утре е најважниот женски празник, се верува дека Пресвета Богородица ќе ги исполни сите желби кажани со чиста вера

Утре е најважниот женски празник, се верува дека Пресвета Богородица ќе ги исполни сите желби кажани со чиста вера

1 min read
Утре е најважниот женски празник, се верува дека Пресвета Богородица ќе ги исполни сите желби кажани со чиста вера

Пресвета Богородица икона МПЦ-ОА црква празници православие

Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници утре го прославуваат празникот Покров на Пресвета Богородица, за кој се верува дека е најважниот женски празник и ден кога Пресвета Богородица ќе ги исполни сите желби кои се кажани со чиста вера.

Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец. Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат. Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Секоја година, 14-ти октомври се празнува како Покров на Пресвета Богородица, празник кој е посветен на нејзиното покривање, превезот што таа го распослала над христијаните, во видение кое го имале преподобниот Андреј Јуродиви и неговиот ученик. Се верува дека таа сè уште го држи овој превез над нас и не штити од злото. Жените кои немаат деца на овој голем ден палат свеќи, се молат и постат.

Црквата со векови ја прославува Пресвета Богородица како заштитничка на христијаните, која со своите молитви го помирува Бога кон грешниците. Таа е позната по тоа што им помага на поединци, но и нации во војна и мир.

Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1. октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше Св. Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение Св. Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се ужаснувам!“. Заради ова се востанови ова празнување, за да нѐ потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

Post navigation

Previous СВР Охрид: Во хотел во Охрид почина лице од Шкотска, учесник на школа за млади лидери
Next Симон Трпчевски стана почесен граѓанин на Босилово: Потекнувам од Збажди, горе на Караорман, струшко, тоа не се заборава и не се срамам

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.