Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато

Отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато

1 min read
Отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато

Изложбен салон Белчишко блато

Белчишта, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во селото Белчишта денеска беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка.

Центарот е дел од проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во прекуграничната област“, conse-pp, кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција, со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција. Беше реконструиран и опремен стариот објект во центарот на село Белчишта, каде е сместен Изложбениот центар.

Преку текстови, фотографии и примероци од растенија и животни прикажани се многу сегменти од флората и фауната, со кои располага Белчишкото Блато.

Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески изрази изрази голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид, кое заедно со општината годиниве работеше на повеќе проекти за Белчишкото Блато. Тимот на здружението, на чело со Ѓоко Зороски и општинскиот тим, се погрижија за креирање на сите содржини внесени во центарот.

Со неговото отворање, Општина Дебрца добива уште еден атрактивен простор, преку кој се презентира дел од природното богатство на Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Влатко Стефановски го снима новиот албум во најпознатото светско рок студио Abbey Road во Лондон
Next УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 16. степени

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.