Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ќе се избира најдобра поетска творба посветена на Св.Климент Охридски

Ќе се избира најдобра поетска творба посветена на Св.Климент Охридски

1 min read
Ќе се избира најдобра поетска творба посветена на Св.Климент Охридски

Охрид, 18. ноември 2024 (ИНПРЕС) – По повод 8. Декември, Денот на Св. Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба.

Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски

По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:

I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
II За ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение);
III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).

Износот на наградата за првата категорија е 2.000 денари;
Износот на наградата за втората категорија е 3.000 денари;
Износот на наградата за третата категорија е 4.000 денари.

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот на Општина Охрид. Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.

Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2024 година, треба да се доставуваат на следната адреса: Општина Охрид,- ул.„Димитар Влахов“ бр.57 (со назнака: За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).

Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат. Авторството се докажува со четвртиот примерок.

Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8. Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридското Езеро трет ден е на минимално дозволената кота 693,10 м.н.в
Next „Валкаме заедно, чистиме заедно“ – еко акција на иницијативата „Збогум Букoво“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.