Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Охрид
  • Николоски: Стојам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево ќе биде завршен до крајот на 2026 година

Николоски: Стојам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево ќе биде завршен до крајот на 2026 година

1 min read
Николоски: Стојам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево ќе биде завршен до крајот на 2026 година

Александар Николоски ВМРО-ДПМНЕ

Охрид, 27. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Со апсолутна убеденост можам да повторам дека од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај селото Ботун, бидејќи таму има лизгање на земјиштето, ќе има целосно автопатско решение пред почетокот на летната сезона, рече во гостување на ТВ Сител заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за транспорт Александар Николоски.

– Автопатот Охрид – Кичево е симбол на работењето на оваа влада и ќе е симбол за неспособноста на претходни влади. Свесен сум дека ова е проект што е најмногу коментиран во јавноста и за кој најмногу се лажело. Кај селото Ботун веќе е започната рехабилитација на постојниот пат за да и тоа е пријатно возење, а во следниот период ќе почне целосна рехабилитација на планинскиот превој Пресека затоа што ќе се користи до крај на 2026 година. Додека во однос на вториот дел од автопатот 17-на километри од Врбјани па сѐ до над Кичево, ќе биде завршен до крајот на 2026 година и стојам позади овие ветувања, рече Николоски.

Деновиве при увид на работите на делницата, Николоски истакна дека повеќе од 300 машини и преку 600 работници секојдневно работат на автопатот и го промовира асфалтирање во зимски услови и на минусни температури со цел, како што рече, да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МВР: Претрес во Охрид, пронајдена дрога
Next Деновиве ќе започне новогодишното украсување на Охрид, ќе има организиран дочек на градскиот плоштад

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.