Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Викендов повторно отворање на катедралата Нотр Дам – церемонијата ќе ја обезбедуваат 6.000 полицајци

Викендов повторно отворање на катедралата Нотр Дам – церемонијата ќе ја обезбедуваат 6.000 полицајци

1 min read

Париз, 3. декември 2024 (ИНПРЕС) – Шест илјади полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија властите на француската престолнина, пренесува Данас.

На церемонијата ќе присуствуваат 50 шефови на држави и влади.

Префектот на париската полиција Лоран Нуњез на прес-конференција рече дека во сабота и недела ќе бидат мобилизирани 6.000 луѓе, односно полицајци и жандарми, како и на свеченото отворање на Олимписките игри на крајот на јули.

На почетокот на ноември, ѕвоната на катедралата одекнаа за прв пат по пожарот во 2019 година кој направи сериозна штета. Враќањето на ѕвоната е дополнителна етапа во заживувањето на една од најголемите катедрали на Римокатоличката црква, регистрирана како светско наследство на УНЕСКО и еден од најпосетуваните споменици во Европа. (Крај)

извор: Радио МОФ фото: архива

Post navigation

Previous Британците не купуваат имот ако локалниот паб е оддалечен повеќе од 13 минути пешачење
Next „Порасна“ нивото на Охридското Езеро, денес е на еден сантиметар над минимално дозволената кота

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.