Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • АХВ: Парични казни за маркет и месарница во Охрид поради констатирани нерегуларности

АХВ: Парични казни за маркет и месарница во Охрид поради констатирани нерегуларности

Охрид, 13. декември 2024 (ИНПРЕС) – При редовен надзор во Охрид, инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) парично казнија маркет и месарница во Охрид поради констатирани нерегуларности, пуштање во промет небезбедна храна и неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените.

– Со 1400 евра (1.000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице во правното лице) во денарска противвредност, казнет е маркет за пуштање во промет на небезбедна храна (сувомесни производи и мелено месо) кои биле без декларација и со поминат рок на употреба. Заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените, во Охрид, парично казнета е и месарница, информираат од АХВ.

Покрај тоа, по доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, АХВ во Скопје, спроведе контрола кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок. Исто така, инспектори од АХВ пронашле и уништиле 241 килограм небезбедна храна во битолски угостителски објект, за што биле изречени и парични казни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридски боксери од клубот „Алексо Огненоски“ учествуваат на Меѓународниот турнир „Златна ракавица” во Србија
Next Новогодишен базар на учениците од ОУ „Григор Прличев“

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.