Теквондистката Миа Танеска освои злато на „King of Taekwon-Do“ во Грција
December 17, 2024

Охрид, 17. декември 2024 (ИНПРЕС) – Теквондистите од Македонска традиционална таеквондо федерација (МТТФ) се вратија со еден златен и пет бронзени медали од десеттиот Меѓународен ИТФ А класа натпревар „King of Taekwon-Do“ што се одржа во Солун, Грција.

МТТФ под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот тренер Саша Поповски, носители на црн појас V дан, ја претставуваа 3 официјални лица, 2 национални тренери и 8 натпреварувачи од клубовите: „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, „Мастер” Охрид, „Сонкал” од Мислешево, Струга и „Ахилиус” од Скопје.

Миа Танеска која е една од помлади натпреварувачки, во категоријата кадетки 12-13 години и на овој натпреват се искачи највисоко на пиедесталот, освојувајќи златен медал во форми и бронзен медал во борби, по што го доби и пехарот за најдобра кадетка 12-13 години.

Освојувачи на медали се:
Миа Танеска – Пехар за најдобра кадетка 12-13 години 1 место, злато форми 6-4 куп девојчиња 12-13 години
3 место , бронза борби девојчиња 12-13 години +55 кг.

Теодора Митреска 3 место , бронза борби младинки У-18 години -58 кг, 3 место , бронза форми 4-1 куп, младинки У-18 години

Божидар Димитриевиќ 3 место , бронза борби сениори 18-34 години -92 кг

Марио Крстески 3 место , бронза борби сениори 18-34 години -58 кг. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива