Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“
December 20, 2024

Охрид, 20. декември 2024 (ИНПРЕС) – Во пресрет на празниците, учениците од ОМУ „Методи Патче“ по традиција и годинава ќе одржат новогодишен концерт.

Учениците под менторство на своите професори ќе музицираат на тема „Вечер на валцер и танго”.

Новогодишниот концерт ќе се одржи на 26-ти декември (четврток) во дијамантската сала на хотелот „Инекс“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива