Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонија во ноември 2024 година ја посетиле 45.656 странски туристи, најмногу од Турција и Србија

Македонија во ноември 2024 година ја посетиле 45.656 странски туристи, најмногу од Турција и Србија

1 min read
Македонија во ноември 2024 година ја посетиле 45.656 странски туристи, најмногу од Турција и Србија

Скопје/Охрид, 13. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Во ноември минатата година Република Македонија ја посетиле вкупно 66.701 туристи, од кои 21.045 биле домашни, а 45.656 се странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 138.226. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците – 14.193, следуваат гостите од Србија – 3.790, од Грција – 3.561, од Бугарија – 3.396, од Германија – 1.752.

Во периодот јануари-ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1 %, а кај странските има зголемување за 13,8 %.

Во анализираниот период зголемен е и бројот на ноќевањата за 5,3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,2 %, а кај странските има зголемување за 9,2 %. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous АМСМ: Укината забраната за движење на камиони на Плетвар
Next Во ноември 2024 година во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга едно, во Дебрца ниту едно

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.