Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Минатата недела во Охрид регистрирани 45 заболени од грип, доминираат помладите на возраст од 5 до 14 години

Минатата недела во Охрид регистрирани 45 заболени од грип, доминираат помладите на возраст од 5 до 14 години

1 min read
Минатата недела во Охрид регистрирани 45 заболени од грип, доминираат помладите на возраст од 5 до 14 години

Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани

Охрид, 24. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Во третата недела од годинава во Охрид се регистрирани 45 нови случаи на заболени од грип.

Специјалист епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Центарот за јавно здравје Охрид за Супер радио и InPress вели дека ако неделата претходно најголем дел од заболените беа во возрасната група од 15 до 64 години, сега доминираат помладите на возраст од 5 до 14 години.

– За разлика од претходната недела сега поголем дел од заболените се од помладата популација. Во возрасната група од 5 до 14 години имаме 27 заболени, додека 18 се на возраст од 15 до 64 години. Моментално циркулира Инфлуенца тип A и Инфлуенца тип B, потенцира д-р Стурлакова Коровешоска.

Потенцира дека години наназад кај популацијата на возраст над 65 години е многу мал бројот на заболени од грип, а тоа се должи на тоа што се имунизираат. Тие и да заболат развиваат лесна клиничка слика.

Нагло намален бројот на заболени од грип во Охрид, нема ниеден случај со голема кашлица

Што се однесува до претходни сезони во овој период, сега бројот на заболени е многу помал.

Со оглед на почетокот на второто полугодие од учебната година се очекува периодов да има зголемување на бројката на заболени и вирусот да го достигне пикот.

На државно ниво, според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во третата недела од годинава, од 13-ти до 19-ти јануари се регистрирани 1.412 случаи на заболени од грип, што е за 34,1% повеќе во однос на втората недела. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Привршува уредувањето на дел од улицата „Дејан Војвода“ кај ЕВН (Фото)
Next Во четврток ќе се одржи 52. седница на градскиот совет

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.