Во тек е санацијата на комплексот Робевци (Фото)
January 28, 2025

Охрид, 28. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Продолжуваат работите за санација на комплексот Робевци.

Се отпочна со реконструкција и адаптација на помошниот објект до Магаза која е во склоп на музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“. Се санираат внатрешните ѕидни платна, промена на надворешната столарија и освежување на фасадата во бела боја, се инервенираше и на крововите и се постави нов под од гранитни плочи. Покрај тоа Куќата на Робевци добива и нов систем за греење и ветрење, како и нов, посовремен видео надзор.

Зафатите започнаа кон крајот на минатата година согласно одобрената Годишната програма од страна на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата, а според најавите ќе завршат во месец март. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес