Охрид, 29. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Младата средношколка Ева Ивановска од Делчево е добитничка на престижната награда за најдобра беседа за 2025 година на Конкурсот што го објави НУ „Григор Прличев“ од Охрид, годинава под наслов „Чувај се себеси“.
Таа е ученичка во четврта година во гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ .
– Посебно сум среќна и горда што ќе бидам дел од Прличевите беседи годинава, напиша Ивановска.
Наградата за најдобра беседа во вредност од 9 000 денари и статуетка со ликот на Прличев на Ивановска ќе и’ биде бидат врачени на 6-ти февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива