Скопје/Охрид, 4. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во периодот од 27-ми јануари до 2-ри февруари 2025 година, регистрирани сe 6 нови позитивни случаи на Covid-19, за 16 случаи помалку во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
– Во тековната недела, регистрирани се 5 заболени лица од Скопје и еден во Охрид. Регистрирано е едно оздравенолице. Во текот на минатата недела не се регистрирани починати лица асоцирани со Covid-19, стои во извештајот.
Годинава, заклучно со 2-ри февруари регистрирани се вкупно 20 заболени лица. Бројот на заболени лица во месец јануари 2025 година е за 3,3 пати поголем во однос на месец декември 2024 година.
Иако бројот на заболени од Covid-19 на неделно ниво е мал, со оглед на тоа дека во тек е периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси постои ризик активноста на SARS-CoV-2 да се зголеми, што ја нагласува континуираната потреба од
надзор (епидемиолошки и вирусолошки) на национално и регионално ниво. (Крај)
извор: ИЈЗ фото: ИнПрес