Охрид, 4. февруари 2025 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа. Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ИнПрес