Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски – малолетниците што вандализираат да вршат општокорисна работа

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски – малолетниците што вандализираат да вршат општокорисна работа

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски – малолетниците што вандализираат да вршат општокорисна работа

Скопје, 10. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) едногласно ја усвои иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.

– Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави, соопшти Општина Центар.

Ни Охрид не е поштеден од вандализмот. Искршени клупи, канделабри, уништена урбана опрема… Ова е честа слика и само дел од разултатите од демострирањето на „културата“ на однесување на дело и грижа за добрата.
Кога нешто недостасува, се критикува зошто го нема, а кога ќе го имаме не знаеме да го чуваме. Да се надеваме дека сторителите на вакви дела ќе бидат пронаоѓани и соодветно санкционирани. (Крај)

извор: Макфакс/ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро неколку дена е на природната кота 693,17 м.н.в
Next „Не пиј кога возиш“, превентивна активност на СВР Охрид

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.