Скопје/Охрид, 11. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во декември минатата година Република Македонија ја посетиле вкупно 55.371 туристи, од кои 21.319 биле домашни, а 34.052 се странски туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 113.490. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците 7.809, следуваат гостите од Бугарија 4.711, од Србија 4.183, од Грција 3.507, од Германија 1.388 и од Албанија 1.338.
Во периодот јануари-декември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 7,8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1 %, а кај странските има зголемување за 13,1 %.
Во анализираниот период зголемен е и бројот на ноќевањата за 5,2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,1 %, а кај странските има зголемување за 8,9 %. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес