Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Објавен владиниот повик за финанасирање општински инфраструктурни проекти, рокот за аплицирање е до 30-ти април

Објавен владиниот повик за финанасирање општински инфраструктурни проекти, рокот за аплицирање е до 30-ти април

1 min read
Објавен владиниот повик за финанасирање општински инфраструктурни проекти, рокот за аплицирање е до 30-ти април

Скопје, 12. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Министерството за локална самоуправа го објави јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА.

Ова е втор повик за финансиска поддршка на општините за реализација на капитални инфраструктурни проекти. Сега на
располагање на општините ќе им бидат ставени 15 милијарди денари, а одобрените средства од централниот буџет не мора да бидат потрошени во тековната фискална година.

– Предмет на овој јавен повик е изразување на интерес за доделување на средства за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА и поднесување на предлог – проекти, врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за спорт и Министерството за култура и туризам, објавени на нивните веб-страни. Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на општините за проекти со чија реализација ќе се придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развојот и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните, стои во повикот.
Општините апликативните формулари и комплетната проектна документација за јавниот повик може да ги поднесат најдоцна до 30 април 2025 година.

Општина Охрид на првиот објавен повик аплицираше со 10 проекти и сите беа одобрени, а се од областа на животната средина и просторното планирање. Оттаму информираат дека истите се во финална фаза пред отпочнување со реализација.

Десетте општински проекти што се одобрени се:

– Реконструкција на улица во село Пештани;
– Реконструкција на улица во село Подмоље;
– Реконструкција на улица во село Долно Лекочереј;
– Реконструкција на водоводна линија на улицата „Кленоец“, ЛТХ „Леарница“;
– Реконструкција на пешачки улици во рамките на Градските гробишта во Охрид;
– Реконструкција на локален пат од крстосница за село Рамне до црквата „Свети Атанасиј“;
– Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“;
– Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од улицата „Кленоец“;
– Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“ и
– Рехабилитација на дел од локален пат за село Куратица.

Од општината за вториот повик најавија дека меѓудругото, ќе се бараат средства за проектот за Свињишки извори. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Република Македонија во декември 2024 година ја посетиле 34.052 странски туристи, најмногу од Турција и Бугарија
Next Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.