Еко акција на иницијативата „Збогум Буково“ за засадување садници
February 14, 2025

Охрид, 14. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Од иницијативата „Збогум Буково“ продолжуваат со активностите, па за викендов најавија еко акција за засадување на садници.

Под мотото „Засади дрво, засади живот“ ќе се садат садници на спортскиот центар „Билјанини извори“ позади стадионите.

– Со вашето учество ќе инспирирате и други да се приклучат, а со тоа ќе придонесете нашиот град да биде каков што го сакаме сите.

Еколошката акција ќе се реализира во недела, 16-ти февруари, со почеток во 11:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива