Охридски боксери од клубот „Алексо Огненоски“ ќе учествуваат на Open Balkan Kup во Крушевац, Србија
March 20, 2025

Охрид, 20. март 2025 (ИНПРЕС) – Шест боксери од охридскиот клуб „Алексо Огненоски“ ќе учествуваат на Open Balkan Kup – Лига на Олимписки надежи што ќе се одржува во Крушевац, Србија.

На купот учество ќе земат браќата Наум и Христијан Стојаноски, Димитар Ѓорески, Петар Трајчески, Михаил Аврамоски и Андреј Мајкиќ.

Натпреварите ќе се одржат во сабота, 22-ри март во спортската сала во Крушевац со почеток во 14:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива