Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хидрантската мрежа во Стар град и противпожарно пловило и понатаму болна точка за Охрид

Хидрантската мрежа во Стар град и противпожарно пловило и понатаму болна точка за Охрид

1 min read
Хидрантската мрежа во Стар град и противпожарно пловило и понатаму болна точка за Охрид

Охрид, 21. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Хидрантската мрежа особено во Стар град и набавката на противпожарно пловило и понатаму се болна точка за Охрид.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид (ТППЕ) Борко Јанкулоски во изјава за Супер радио и InPress уште еднаш повтори дека имаме многу слаба хидрантска мрежа, особено од највисок степен на загрозеност е стариот дел на градот, каде на пожарникарите им е отежнат, скоро и невозможен пристапот со возила.

– Имаме поднесено во повеќе наврати барање до надлежните институции, односно до ЈП „Водовод“ Охрид со цел да ги маркираме тие хидранти, оние што се подземни да се направат надземни за да можеме поефикасно да делуваме во случај на пожар. Од неодамна за истото е реагирано и до Дирекцијата за заштита и спасување, до подрачното одделение Охрид. Почнавме заедно некое мапирање и се надеваме дека во следниве денови заеднички со вработените во „Водовод“ да ги маркираме локациите и да ги оспособиме за непречено функционирање, вели Јанкулоски.

Справувањето со евентуална огнена стихија во стариот дел на градот е рак рана годиниве наназад. Има делови што се речиси недостапни за поголеми противпожарни возила, а проблем претставуваат и автомобилите што граѓаните ги оставаат на улица, како и збиениот тип на куќи.

На ова се надоврзува и проблемот со немањето пловен објект за гаснење пожар од вода, што години наназад е посочено како решение за овој дел од градот, а особено за патниот правец кон Св. Наум, каде во летниот период, во одредени временски интервали противпожарните возила немат апсолутно никаков пристап од колоните возила. Јанкулоски вели дека моментално нема некоја најава за набавка на вакво пловило, иако изминатите години имаше проект што не беше одобрен.

– Тоа пловило, оспособено со противпожарни надградби, не би се користело само за гаснење на опожарени пловила туку и за тешко пристапните населени места што ги имаме на крајбрежјето, како што е Трпејца која е доста голем ризик. Со таквиот пловен објект би имале директен пристап за гаснење од езеро. Моментално нема некоја најава за набавка. Изминатите години имаше проект што не беше одобрен. По наше видување тоа беше од причина што сакаа повеќе институции во нашата општина да го користат за повеќе намени, што е недозволиво, тоа е единствено со противпожарна намена, мора да биде нон стоп достапно на пожарникарите, потенцира командирот Јанкулоски.

За да не се доведеме во ситуација да се случат насакани настани, па дури потоа да почне посериозно да се размислува на оваа тема, надлежните посериозно да ја разгледаат потребата од набавка на вакво пловило за Охрид како сериозна туристичка дестинација.

Што се однесува до бројката на интервенции на ТППЕ Охрид, годинава има мал процент на зголемување на бројот на пожари, во однос на овој период лани. Од почетокот на годинава досега пожарникарите имале вкупно 92 интервенции во Охрид и Дебрца, од кои 71 е пожар (на објекти, на сообраќајни средства и на отворен простор). Останатите 21 интервенција се технички интервенции, односно извлекување на повредени во сообраќајни незгоди, отклучување на заглавени лица во лифт, обезбедување на фудбалски натпревари. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Таравари: 10 пациенти ќе бидат пуштени од болница, во 99% лекувањето во странство е бесплатно
Next Охрид и новата сезона ќе ја дочека без противпожарно пловило

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.