Охридскиот боксер Наум Стојаноски се врати со победа од Опен Балкан купот во Крушевац
March 24, 2025

Охрид, 24. март 2025 (ИНПРЕС) – Младиот охридски боксер Наум Стојаноски од клубот „Алексо Огненоски“ се врати со победа од Опен Балкан купот што се одржа во Крушевац, Србија, во рамки на 7. коло.

Стојаноски беше подобар од неговиот противник, словенецот Игор Шабери, совладувајќи го со 5-0.

Останатите охридски претставници, Христијан Стојаноски, Петар Трајчески, Димитар Ѓорески, Михаил Аврамоски и Андреј Мајкиќ учествуваа во Лигата на олимписки надежи. Од нив Аврамоски беше подобар од Вукашин Кљаиќ, Стојаноски, Ѓорески и Мајкиќ ги изгубија борбите, додека противникот на Трајчески не присуствуваше па тој го доби мечот без борба. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива