Одлични резултати на охридските теквондисти на Државното првенство во традиционално таеквондо
March 25, 2025

Охрид, 25. март 2025 (ИНПРЕС) – Охрид беше домаќин на третото државно традиционално таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија, во организација на таеквондо клубот „Мастер“, а под капата на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ).

На натпреварот учествуваа 83 натпреварувачи кои се натпреваруваа во две дисциплини – форми и борби. Натпреварувачите доаѓаа од различни клубови: „Мастер“ Охрид, „Ахилиус“ Скопје, „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец, Охрид, „Сонкал“ Мислешево, Струга и „Чонџи“ Косел, Охрид.

Најдобар клуб е „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид со освоени 18 златни, 15 сребрени и 18 бронзени медали и 6 пехари за најдобри поединци. На второто место клубот „Сонкал” Мислешево Струга со освоени 9 златни, 4 сребрени и 4 бронзен медал и два пехари за најдобри поединци. На третото место се најде таеквон-до клубот „Мастер” Охрид со освоени 4 златни, 4 сребрени, 1 бронзен медали и два пехари за најдобри поединци. Четвртопласиран заврши клубот „Чонџи” Косел Охрид со освоени 3 златни,1 сребрен и 9 бронзени медали и на петтото место таеквон-до клубот „АХИЛИУС” Скопје со освоени 1 златен, 4 сребрен и 2 бронзени медали.

Најдобри поединци во нивните старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари се:
-најдобро девојче 8-9 години, Зорана Попоска
-најдобро дете 8-9 години, Хриситјан Гагалески
-најдобра кадетка 10-11 години, Адријана Китаноска
-најдобар кадет 10-11 години, Христијан Шибакоски
-најдобра кадетка 12-13 години, Миа Танеска
-најдобар кадет 12-13 години, Вук Бурмаја
-најдобра јуниорка 14-15 години, Анастасија Чулческа
-најдобар јуниор 14-15 години, Даријан Китаноски
-најдобра младинка 16-21 година, Христијана Парулеска
-најдобар младинец 16-21 година , Давид Крстески

Учесниците покрај за медали, се бореа и за место во репрезентацијата, за учество на Европското првенство во таеквондо ИТФ, што од 28-ми април до 4-ти мај ќе се одржува во Талин, Естонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива