Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре на охридскиот аеродорм пристигнува првиот авион на Turkish Airlines на летот од Истанбул до Охрид

Утре на охридскиот аеродорм пристигнува првиот авион на Turkish Airlines на летот од Истанбул до Охрид

1 min read

Охрид, 26. март 2025 (ИНПРЕС) – Утре во попладневните часови на охридскиот аеродорм „Св. Апостол Павле“ ќе пристигне првиот авион на компанијата Turkish Airlines на летот од Истанбул до Охрид.

На свеченоста ќе присуствуваат главниот извршен директор на ТАВ Аеродроми Серкан Каптан, главниот извршен директор на Turkish Airlines Билал Екси, турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој, македонскиот премиер Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски.

Според најавите на оваа релација ќе се лета четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела, со летала од типот Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.

Превозникот претходно аплицираше и доби државни субвенции за стартување на услугата.

Во описот за Охрид на Turkish Airlines при промоцијата на директната авиолинија е наведено дека е популарна туристичка дестинација на Балканот, македонски бисер и дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

– Познат по Охридското Езеро, Охрид поседува и историска текстура која го спојува неговото античко културно наследство со современи елементи, пишува на веб страната на Turkish Airlines.

Покрај тоа наведени се најатрактивните места за посета, дел од храната што треба да се проба, како и сервисни информации за градот.

Гостите од Турција традиционално се најбројни меѓу странските туристи во нашата држава, а тоа го потврдуваат и податоците на Државниот завод за статистика за бројките на туристи на месечно ниво. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Милион денари поддршка од Општина Охрид за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани
Next Викендов започнува летното сметање на времето

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.