Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Таравари: Од 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 се на домашно лекување, тројца се во критична состојба

Таравари: Од 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 се на домашно лекување, тројца се во критична состојба

Скопје, 1. април 2025 (ИНПРЕС) – Од вкупно 193 пациенти повредени во пожарот во Кочани, во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Тројца пациенти се во критична состојба, а денес од Полска и Белгија се враќаат двајца пациенти.

– Во Македонија се лекуваат 20 пациенти.На Клинички центар пет, во Стара градска седум, пет во ГОБ „8 Септември“ и тројца во приватните болници. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денеска се враќаат уште двајца пациенти. Имаме најава за враќање на повеќемина пациенти до крајот на неделата, тоа се полесните случаи, информира Таравари.

Тој потенцира дека катастрофалниот настан во Кочани ги погодил сите, не само како институции туку и како луѓе. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Викендов започнува летното сметање на времето
Next Во јуни уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.