Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МОН: Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката

МОН: Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката

1 min read
МОН: Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката

Скопје, 14. април 2025 (ИНПРЕС) – Направени се измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката, информираат од Министерството за образование и наука.

Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Согласно законските измени, објавен е нов повик за остварување на правото, на кој можат да се пријават сите студенти кои припаѓаат на некоја од категориите согласно проширениот опсег на мерката.
Рокот за аплицирање на овој вонреден повик трае од 14-ти до 16-ти април. Студентите пак, кои досега го остварувале ова право, немаат обврска да се пријават на повикот, односно продолжуваат со користење на мерката.

Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, што студентот ја добива од Министерството за образование и наука за купување приготвена храна. Корисниците имаат право услугата да ја користат од понеделник до сабота во текот на академската година, со исклучок на периодот од 1 јули до 1 октомври, како и за време на државни празници и неработни денови.

Од следниот месец – мај 2025 година, продолжува обврската на МОН за објавување на повици на месечно ниво, од први до петти во месецот, на кои ќе можат да се пријавуваат сите студенти кои претходно не ги исполнувале условите или поради било какви причини не аплицирале и не го оствариле ова право. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous АХВ со вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.230 килограми небезбедна храна
Next Од полноќ ново намалување на цените на горивата

Слични вести

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид „Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид
1 min read

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.