Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид достојно го одбележува Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Охрид достојно го одбележува Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

1 min read
Охрид достојно го одбележува Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Охрид, 24. мај 2025 (ИНПРЕС) – Со богата програма, Охрид и годинава достојно го одбележува Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Програмата започна денес со научна трибина што се одржува во Конгресниот центар при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Охрид. Вечерва од 20:00 часот во училишниот двор патрониот празник ќе го одбележи СОСУ „Св.Кирил и Методиј“.

Утревечер од 19:30 часот на Античкиот театар ќе се одржи Меѓународен хорски фестивал на музички хорови.

Во сабота, на денот на сесловенските просветители од 09:00 часот започнува свечената програма со полагање цвеќе пред монументалниот споменик во градскиот парк, по што ќе се доделат наградите нза најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари.

Во Домот на култура „Свети Кирил и Методиј“ во населбата „Кошишта“, со почеток во 10:30 часот ќе се одржи Панихида и свечена приредба во чест на Св. Кирил и Методиј. Од 12:00 часот на градскиот плоштад , кај муренката, ќе се одржи фестивалот на поезија за деца „Стихувалки“.

Од 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“. Ќе настапат учениците од ОМУ „Методи Патче“ во класата на м-р Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан. Беседа за светите браќа ќе одржи проф.д-р Димитар Пандев. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охридските матуранти на звуците од операта „Лилјакот“ и на дожд ја одиграа матурската парада (Фото)
Next Детскиот мјузикл „Штурецот и мравките“ утре во ОУ „Братство Единство“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.