Охрид, 29. мај 2025 (ИНПРЕС) – Утре од 17:00 часот во Прличевата одаја на Библиотеката „Григор Прличев“ ќе биде промовирана книгата „Поезија извор од душата“ од охриѓанката Љубица Петреска – Чифлигароска.
Стихозбирката е лепеза од песни со разни теми испреплетени со емоции и чувства, а доминира љубовта од секој вид.
На настанот ќе говорат рецензентот проф. д-р Менде Солунчевски и промоторката Билјана Солунчевска. Песни од стихозбирката пред присутните ќе читаат Ана Цонева и Јана Диданова, членки на библиотекарската секција од ООУ „Григор Прличев“ предводени од професор Наташа Митреска, како и гимназијалците Матеј Маркоски и Надица Тасеска.
Авторката Петреска – Чифлигароска на неколку основни училишта и на библиотеката ќе им врачи благодарници и примероци од стихозбирката. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
