Охрид, 29. мај 2025 (ИНПРЕС) – Оваа сабота, 31-ви мај со почеток во 19:30 часот, во големата сала на Општина Охрид, ќе се одржи свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“.
Според програмата, предвидена е промоција на монографијата од Манасијески со историчарот на уметност Владо Ѓорески- Рафико и Љупчо Жупан од Галерија „Букефал“ како промотори.

Ќе се одржи и хуманитарно-продажна изложба на графики, како и културно-уметничка програма со настапи на гитаристот Дамјан Пејчиноски и охридскиот женски хор „Акордис“.
Јордан Манасијески е академски сликар кој живее и твори во Охрид, дипломец на Педагошкиот факултет, отсек ликовна уметност во 1969 година, во класата на Вангел Коџоман. Неговите слики го привлекоа вниманието на светските уметнички центри, од најпрестижната светска ликовна критика. Уметничките креации на Манасијески се дел од бројни изложби во Париз, Рим, Лондон, Њујорк, Фиренца, Рим, Токио, Ватикан… (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
