Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Охрид
  • Еколошката свест сѐ уште ни е на ниско ниво, да направиме сите по малку за здрава и чиста животна средина

Еколошката свест сѐ уште ни е на ниско ниво, да направиме сите по малку за здрава и чиста животна средина

Еколошката свест сѐ уште ни е на ниско ниво, да направиме сите по малку за здрава и чиста животна средина

Охрид, 5. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Еколошката свест на локално и на централно ниво мора да се крене на едно повисоко ниво. Потребно е сите заедно да придонесеме за чиста животна средина.

Ваквите констатации се во ред, но дали и колку се прави за нивно реализирање во пракса.

Ако се земат предвид расфрланото ѓубре и бројните мини депонии „никнати“ на несоодветни места, грижата за Охридското Езеро што при поголеми бранови на брегот ја исфрла еко културата, доаѓаме до заклучок дека еколошката свест сѐ уште ни е на ниско ниво.

И понатаму продолжува неодговорното однесување на поединци, кои фрлаат ѓубре и отпадоци каде ќе стигнат.

Дивите депонии создадени од несовесни граѓани и понатаму се проблем што тешко се надминува. Службите на ЈП „Охридски комуналец“ ги расчистуваат мини депониите во урбаните и руралните средини, за по кратко време на истите места да се добие впечаток дека воопшто не се исчистени. Извадените пак метални конструкции и автомобилски гуми, делови од покуќнина од дното на Охридското Езеро се приказна за себе и слика што воопшто не ја заслужува нашиот бисер.

Во Уставот на Република Македонија е пропишано дека секој човек има право на здрава животна средина, но и секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата.

Па, ајде да направиме сите по малку во напорите да имаме здрава и чиста животна средина. Тоа не е воопшто тешко бидејќи можеме, а за жал, секоја чест на исклучоците, го покажуваме кога сме во некоја странска земја, каде ваквото неодговорно однесување се казнува. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Петок, 6-ти јуни, ден пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Next Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.