Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со едногласна одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, игуменот Георгиј е избран за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Со едногласна одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, игуменот Георгиј е избран за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

1 min read
Со едногласна одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, игуменот Георгиј е избран за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Скопје/Охрид, 12. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) доби нов духовен водач за Дебарско-кичевската епархија. На денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против, за нов митрополит е избран Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски).

Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј, еден од највлијателните архиереи во последните децении. Македонската црковна јавност добива наследник со силно академско поткрепување, богато духовно и дипломатско искуство и со неспорен авторитет во богословските кругови.

Роден на 24-ти јули 1968 година во Скопје, Георгиј уште од млади години стапил на патот на верата. По завршувањето на основното образование, се запишал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, каде матурирал во 1986 година. Богословските студии ги продолжил и завршил во Скопје, а веќе на 22-годишна возраст станал професор во своето поранешно училиште. Научниот пат го однел во Германија, а потоа и во Рим, каде што магистрирал и докторирал на престижниот Понтификален универзитет „Грегоријана“, еден од најреномираните римски теолошки центри. Покрај академската кариера, Георгиј бил и блиска личност на архиепископот, извршувајќи ја функцијата шеф на Кабинетот од 2000 до 2010 година. Истовремено, бил и секретар на Американско-канадската епархија, а во периодот од 2010 до 2014 година, амбасадор на Република Македонија при Светата Столица во Ватикан. Се враќа во академскиот свет по завршувањето на дипломатската мисија и два мандати го води Богословскиот факултет како декан, каде што и денес е професор.

Замонашен е на 27-ми мај 2025 година во манастирот „Св. великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, а во само три последователни дена е ракоположен во јероѓакон, јеромонах, и на Педесетница, 8-ми јуни 2025 година, доби и чин игумен.

Новопоставениот митрополит е активен и во полето на библиски преводи, координатор на најновиот превод на Новиот завет (2023) и Псалмите (2024), како и член на комисијата за превод на Богослужбеното Евангелие (2008). Автор е на бројни научни трудови, книги и уредувач на повеќе релевантни списанија. Освен мајчиниот јазик, течно говори италијански и англиски, а се служи и со германски и француски јазик.

Од МПЦ-ОА треба да го објават датумот на неговото ракополагање во архиерејски чин. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: архива

Post navigation

Previous Започнува ИПА вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда
Next Во април во Охрид издадени 10 одобренија за градба, во Струга ниту едно, во Дебрца 13

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.