Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Муцунски во Охрид домаќин на албанскиот колега Хасани, унапредување на добрососедските односи и продлабочување на соработката во фокусот

Муцунски во Охрид домаќин на албанскиот колега Хасани, унапредување на добрососедските односи и продлабочување на соработката во фокусот

1 min read

Охрид, 8. јули 2025 (ИНПРЕС) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денес во Охрид беше домаќин на неговиот албански колега Игли Хасани.

Во фокусот на разговорите биле одличните билатерални односи, унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји во сите области од заемен интерес, со акцент на прашања од економската сфера – трговската размена, инвестициските можности и инфраструктурните проекти кои ги поврзуваат земјите долж Коридорот 8.

– На средбата стана збор и за процесот на интеграција во ЕУ, партнерството во рамки на НАТО Алијансата и соработката на мултилатерален план, вели Муцунски.

Двајцата министри присуствуваа и на отворањето на Генералниот конзулат на Албанија во Струга, што претставува значаен чекор во насока на продлабочување на конзуларната, но и политичко-економската соработка меѓу двете земји. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Крводарителска акција утре во СВР Охрид
Next Водостојот на Охридското Езеро е на 14 сантиметри под просекот за јули

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.