Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сабота наречение, во недела востоличување на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски Георгиј

Во сабота наречение, во недела востоличување на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски Георгиј

1 min read
Во сабота наречение, во недела востоличување на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски Георгиј

Охрид, 10. јули 2025 (ИНПРЕС) – Викендов во Охрид ќе се одржи наречението, хиротонијата и востоличувањето на новоизбраниот архијереј на Дебарско-кичевската епархија – архимандритот Георгиј (Ѓорѓевски).

Во сабота, 12-ти јули, во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник ќе се одржи наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, со почеток во 17 часот. Следниот ден, 13-ти јули ќе се одржи Божествена литургија со хиротонија и востоличување на новиот митрополит Георгиј, а ќе се случува во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Св. Софија“ , со почеток во 08:30 часот.

Со едногласна одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, на 12-ти јуни игуменот Георгиј беше избран за митрополит на Дебарско-кичевската епархија.


Роден на 24-ти јули 1968 година во Скопје, Георгиј уште од млади години стапил на патот на верата. По завршувањето на основното образование, се запишал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, каде матурирал во 1986 година. Богословските студии ги продолжил и завршил во Скопје, а веќе на 22-годишна возраст станал професор во своето поранешно училиште. Научниот пат го однел во Германија, а потоа и во Рим, каде што магистрирал и докторирал на престижниот Понтификален универзитет „Грегоријана“, еден од најреномираните римски теолошки центри. Покрај академската кариера, Георгиј бил и блиска личност на архиепископот, извршувајќи ја функцијата шеф на Кабинетот од 2000 до 2010 година. Истовремено, бил и секретар на Американско-канадската епархија, а во периодот од 2010 до 2014 година, амбасадор на Република Македонија при Светата Столица во Ватикан. Се враќа во академскиот свет по завршувањето на дипломатската мисија и два мандати го води Богословскиот факултет како декан, каде што и денес е професор.

Замонашен е на 27-ми мај 2025 година во манастирот „Св. великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, а во само три последователни дена е ракоположен во јероѓакон, јеромонах, на Педесетница, 8-ми јуни 2025 година, доби и чин игумен, а на Иванден стана архимандрит. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Детската претстава „Во царството на другарството“ утревечер на сцената кај ТЦ „Амам“
Next Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.