Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започна електронското пријавување за место во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa

Започна електронското пријавување за место во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa

1 min read
Започна електронското пријавување за место во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa

Студентски дом „Никола Карев“ Охрид Депанданс на хотел „Палас“

Охрид, 15. јули 2025 (ИНПРЕС) – Од денеска до 31-ви јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година.

Во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид на располагање се вкупно 242 легла. Од нив 48 се за бруцошите, додека преостанатите 194 се за студентите од втора година па нагоре.

Заклучно со 31-ви јули се пријавуваат студентите од II година и повисоките години, додека пак студентите од I година ќе се пријавуваат од 10-ти до 17-ти септември.

Согласно конкурсот, право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години. Исто така, право на прием имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и слично, односно: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот e-uslugi.mon.gov.mk

Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен најдоцна до 30.09.2025 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговор по однос на резултатите се доставуваат во самиот дом каде што аплицирал студентот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Ако бројот на студенти кои ги исполнуваат условите е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Младиот охриѓанец Лазар Топаловски следната недела започнува тренинзи во Црвена Ѕвезда во Белград
Next Пожарникарите интервенираат на запелено поле во близина на Требеништа и на депонијата „Буково“

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.