Утре започнува „Охрид Џез Фестивал 2025“
August 21, 2025

Охрид, 21. август 2025 (ИНПРЕС) – Од утре до недела во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи „Охрид Џез Фестивал 2025“.

Три вечери исполнети со ритам, страст и врвна музика.

Утре сцената е резервирана за „Чалгија Саунд Систем“ со етно џез програма, следниот ден, на 23-ти Павле Камилоски со класичен Џез, а во недела, на 24-ти август Томи Пурич Бенд со гостите Ѓоко Алоски и Наум Џуклески и програма со класичен џез.

Сите концерти ќе започнат во 20:30 часот, а влезот е слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива