Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нов алпинистички локалитет во Националниот парк Галичица

Нов алпинистички локалитет во Националниот парк Галичица

1 min read
Нов алпинистички локалитет во Националниот парк Галичица

DCIM102MEDIADJI_0542.JPG

Охрид, 27. август 2025 (ИНПРЕС) – Алпинистички клуб „Патагонија“ од Охрид, во соработка со Македонска алпинистичка федерација и Национален парк Галичица, во јули и првата половина на август ги финализираше теренските активности за уредување на нов локалитет за качување на сува карпа.

Локалитетот е сместен над познатото излетничко место Корита, на надморска височина од 1600 м, во стара букова шума.

– Со својата западна експозиција нуди неповторливи пејзажи кон хоризонтот и Охридското Езеро, а овозможува идеални услови за качување и во најтоплите летни денови. Локалитетот опфаќа 3 карпи со вкупно 18 насоки (должина 20 до 50 м). Дел од нив се опремени со класични алпинистички клинови, а дел со експанзиони, што овозможува качување во различни стилови и техники. Во реализацијата на активностите ни се приклучи и даде сериозен придонес Бобан Стојанов од Штип, долгогодишен Алпинист-инструктор и претседател на Комисијата за одржување на локалитети при Македонската алпинистичка федерација, како и Јован Иванов, еден од најдобрите спортски качувачи во Македонија, кој изработи две нови насоки што ќе бидат вистински предизвик за спортските качувачи од регионот, велат од АК „Патагонија“.

За полесен пристап изработена е и нова маркирана патека долга еден километар, погодна и за љубителите на лесни прошетки во природа, со можност да ја посетат и новооткриената „Алпинистичка пештера“, пронајдена токму во текот на истражувањата.

Со ова официјално заврши втората фаза од проектот „Авантуристичка зона во НП Галичица“, што се реализира четврта година по ред со финансиска поддршка од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. За воспоставување на локалитетот беа обезбедени 1.055.000 денари, од кои 75% обезбеди PONT, 15% Општина Охрид и 10% сопствени средства на АК „Патагонија“.
Со овој локалитет се отвораат нови можности не само за развој на алпинизмот и спортското качување, туку и за збогатување на туристичката понуда на Охрид и НП „Галичица“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Празникот Голема Богородица во Струга ќе се слави на древното светилиште кај Параклисот Воведение Богородично
Next Староградска вечер и изложба на Ohrid water festival

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.