Охрид, 3. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Здружението на слепи лица Охрид во соработка со Општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на КУД на слепи лица „Билјана“ што функционира во рамки на Националниот сoјуз на слепи на Македонија.
Концертот ќе се одржи утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот.
Од Здружението ги покануваат сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на концертот.
Влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес