Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денови на Еразмус во гимназијата „Св.Климент Охридски“

Денови на Еразмус во гимназијата „Св.Климент Охридски“

1 min read
Денови на Еразмус во гимназијата „Св.Климент Охридски“

Охрид, 15. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ започна со активностите на презентација на можностите и придобивките кои ги нуди Еразмус+ програмата, а во рамки на меѓународната манифестација Деновите на Еразмус што ширум светот се одржуваат од 13-ти до 18-ти октомври.

Темата на годинашното издание е посветена на европските вредности – со слоганот „Живееме според нашите вредности, создавајќи подобра иднина.“

Еразмус+ поттикнува личен и професионален раст преку олеснување на размената на мобилност и кооперативни проекти. Овие иницијативи им нудат на милиони ученици, студенти, наставници, волонтери и професионалци шанса да стекнат меѓународно искуство, да развијат нови вештини и да ги прошират своите културни хоризонти. Надвор од индивидуалниот развој, Еразмус+ игра клучна улога во зајакнувањето на европскиот идентитет преку промовирање на единството преку различноста.

Вчера во гимназијата се презентираа можностите и придобивките кои ги нуди Еразмус+ програмата, а досегашните учесници им го споделијстекнатото искуство низ проектните активности на оние кои досега не биле дел од програмата.

Со промоција на тековните Еразмус+ проекти „Europe: We are the colors of the rainbow“, „Мултидисциплинарен дизајн на обуки за родители и наставници за превенција на насилство меѓу врсници“ (MUDI), “IoT and IoRT in education”, на присутните им се доближи проектниот циклус.

Во наредните денови предвидени се квиз, „Прашања за Европа“, работилници, проекции на снимениот материјал и други активности. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридската полиција и денеска на стрелиштето „Бејбунар“ ќе спроведе боево гаѓање
Next Прекин во водоснабдувањето на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.