„Љубов“ – нова песна на Александар Тарабунов
October 24, 2025

Скопје, 24. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Во време кога искреноста ретко ја среќаваме во музиката Александар Тарабунов – Тара ни ја подава својата душа – сурова, чиста, автентична. Со новата песна „Љубов“ тој ја отвора вратата кон своето најинтимно, најзрело и најкомплетно музичко дело досега.

Создадена во еден здив, во тишината на едно дождливо попладне, песната „Љубов“ не е само уште една баладa, таа е емотивна ерупција, вулкан од страст и жив доказ за уметничката зрелост на Тара.

Песната е напишана, компонирана и изведена од самиот автор што ја прави уште посилна, уште повистинита. Слична е приказната и кога станува збор за видеото зашто истото е работено по идеја на Тара, а реализирано со помош на Никола Марковски.

– Сите кои ја слушнаа песната пред нејзиното официјално објавување беа искрено воодушевени. Секој ја доживеа на свој начин, но сите се согласија во едно дека ова е песна што останува. Верувам дека и судот на публиката ќе биде идентичен. „Љубов“ нека биде химна за вљубените, песна за опуштена вечер со чаша вино во рака и доза на романтика. Затоа што музиката освен што се слуша и се чувствува, вели Тара.

„Љубов“ го претставува Тара во едно сосема ново музичко светло, искрен, ранлив, но и моќен во својата тишина. Со оваа песна, тој не само што ја отвора својата душа, туку ја става љубовта на пиедесталот каде што и припаѓа како суштина, како судбина, како најголема тајна на животот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива