Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во третиот квартал годинава е -56

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во третиот квартал годинава е -56

1 min read

Охрид, 27. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Продолжува негативниот природен прираст во Охрид.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во месеците јули, август и септември се родиле 98, а починале 154 лица, односно се бележи прираст од -56.

И соседната општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 4, а починале 20 лица. Во Струга во третиор квартал исто така се бележи негативен прираст, иако минимален, се родиле 122, а починале 124 лица.

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 128 двојки, а имало и 21 развод. Во Струга во анализираниот период се склучиле 138 бракови, а евидентирани се 15 разводи. Во Дебрца не се евидентирани склучени бракови и разводи.

На државно ниво во третиот квартал од оваа година имало 4.431 живородени деца, а починале 4.849 лица, со што се бележи негативен прираст од – 418. Во анализираниот период се склучени 3.514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува  зголемување од 27.7 % во споредба со истиот период од 2024 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Македонија „Земја партнер“ на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, награда за Општина Охрид и брендот Охридски бисер
Next Дарио со нова моќна балада: „Ковчег со злато“ е песна за вистинската среќа во животот

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.