Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерскиот водостој е над просекот за декември, денес е на кота од 693,40 м.н.в

Езерскиот водостој е над просекот за декември, денес е на кота од 693,40 м.н.в

Охрид, 2. декември 2025 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,40 м.н.в., односно на 8 сантиметри над просекот за месец декември (693,32 м.н.в) и 30 сантиметри над минимално дозволената (693.10 м.н.в).

Речиси една недела водостојот е на идентична кота, а за значителното подоврување на хидролошката состојба од претходно придонесоа врнежите од дожд, некогаш и пообилни, што периодов го зафатија регионот на Охрид.

Колку за споредба, лани во овој период нивото на езерото било на кота од 693,11 м.н.в, односно само еден сантиметар над минимално дозволената.

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Изложба „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ“ од етнолошката ризница на охридскиот музеј
Next Почнуваат свеченостите за одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.