Охрид, 29. декември 2025 (ИНПРЕС) – Новогодишната забава на 31-ви декември за свечениот дочек на новата 2026 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе започне во 20:00 часот со музички-перформанс на DJ Yuxell.
Претходно, од 15:30 часот, за загревање на атмосферата ќе се погрижи DJ Ace.
Од 21:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува Ѓоко Танески, а од 22:20 часот за веселата атмосфера ќе се погрижи охридската фолк икона Ефто Пупиноски.
Од 23:45 сцената е резервирана за македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски. Новогoдишната забава ќе продолжи и по полноќ со сетот на DJ Bagzi од 01:15 часот.

Инаку Охрид подготвен ги очекува домашните и странските гости кои одлучија новата година да ја дочекаат на брегот на Охридското Езеро. Хотелиерите и угостителите веќе ги прават завршните подготовки за успешен дочек на гостите, а според најавите најбројни ќе бидат туристите од соседството, Србија и Бугарија, а нема да изостанат и домашните гости. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес






