Охрид, 15. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Во втората недела од оваа година, од 5-ти до 11-ти јануари, во Охрид се регистрирани 202 случаи на заболени од грип или слични заболувања, информираа на прес конференција од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Д-р. Драган Кочински истакна дека Охрид е меѓу петте региони каде се бележи многу висока активност на вирусот на грип.

Колку за споредба, лани во првите две недели од годината во Охрид имаше 46 лица заболени од грип, а оваа сезона во овој период се регистрирани 246 случаи.
Во анализираниот период на државно ниво се регистрирани 2.322 заболени, односно за 34,6% повеќе во однос на претходната недела. Најмногу заболени има во возрасната група од 15 до 64 години – 1.378, додека најзафатени, односно највисока инциденца има кај најмалите од 0 до 4 години.
Моментално се регистрира средна активност на вирусот на грип, се забележува значително зголемување на бројот на заболени, а пикот на вирусот се очекува да се достигне од крајот на месецов до средината на февруари.
Д-р. Кочински потенцира дека растот во бројките на новозаболени оваа сезона дојде порано од очекуваното, но состојбата се следи и засега не даваат некои посебни препораки, како на пример можноста за одложување на старот на второто полугодие во училиштата. Додаде дека доколку има промени ќе реагираат соодветно. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива








