Скопје, 16. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Двајцата долгогодишни пријатели и музички соработници, Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6-ти јуни ќе одржат концерт во арената „Борис Трајковски“.
Јован Јованов, Елвир Мекиќ и нивните пријатели ќе ве вратат во времето на најубавите денови на македонската музика.
Музичкиот времеплов со нивните хитови на неколку часа цела една генерација ќе ја врати во младоста, а помладите ќе ги „запознае“ со „Итно ми требаш“, „Некаде после 2“, „Лоша девојка“, „Опасно“, „Слаба точка“… Неизбежна ќе биде и песната „Адреналин“, промовирана кон крајот на 2025 година.
Ова е еден од оние концерти кои нема да имаат реприза, а секој билет не е само влезница за концертот, туку и билет за враќање во минатото, за сеќавање на првите љубови, излегувања во диско, забавите до зори…Билетите за концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ се веќе во продажба. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







