Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Угостителите побараа да се одложи Законот против пушење

Угостителите побараа да се одложи Законот против пушење

1 min read
Угостителите побараа да се одложи Законот против пушење

Скопје, 3. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Прво кампања па да почне примената на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во министерството за економија и труд.

Ресорниот министер Бесар Дурмиши одговарајќи на новинарско прашање рече дека ќе следи уште еден состанок, најверојатно идната недела на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, каде ќе се разгледаат сите можности.

– Ги слушнавме забелешките на угостителите кои побараа  временски период до стапување во сила на Законот, односно да одиме прво со кампања па потоа со информација додека почне примената, за да бидат на некој начин подготвени. Ние ќе им повториме која е целта, наша цел е да се грижиме за јавното здравство, тоа ќе им го кажеме и на крај ќе донесеме одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите, изјави Дурмиши.

Министерот не кажа дали е можно одложување на спроведувањето на Законот што треба да почне од 1-ви март, тоа ќе се знае по следниот состанок на кој се надева дека ќе се донесе одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Започна постапка за донесување на Закон за прогласување на Белчишко блато за Парк на природата
Next Во петок подигнување на селектиран отпад на неколку охридски улици

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.