Охрид, 9. март 2026 (ИНПРЕС) – Продолжува позитивната хидролошка состојба на Охридското Езеро.
Според денешните мерења, нивото е на кота од 693,71 м.н.в што е за 22 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,49 м.н.в) и 61 сантиметар над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 6,5 степени.
И додека лани во овој период нивото на водата беше блиску до дозволениот минимум, годинава ситуацијата е обратна, па езерскиот восостој се доближува до максималната граница, нормативно утврдена на 693,75 метри. За потсетување, алармантна состојба со енормно висок водостој имавме во овој период во 2018 година, кога беше и до 20-на сантиметри над максимумот.
Во Охрид денес променливо облачно време, во утринските и претпладневните часови во западните делови со услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11 степени.
– Од вторник следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
