Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МВР за еден ден лиши од слобода 11 возачи, дури 5 на подрачјето на СВР Охрид

МВР за еден ден лиши од слобода 11 возачи, дури 5 на подрачјето на СВР Охрид

МВР за еден ден лиши од слобода 11 возачи, дури 5 на подрачјето на СВР Охрид

Скопје/Охрид, 9. март 2026 (ИНПРЕС) – Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи, од кои осум за управување возило без возачка дозвола, двајца за управување на возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден за возење под дејство на алкохол.

Најмногу возачи се лишени на подрачјето на СВР Охрид – пет, додека на подрачјата на СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Битола се лишени по двајца возачи. Од лишените на подрачјето на СВР Охрид, тројца во Кичево биле без возачка дозвола, а еден во Кичево со активна забрана. Лишениот возач во Струга управувал возило под дејство на алкохол и со неговото возило „фолксваген голф“ предизвикал сообраќајна незгода со возило „фиат“.

Двајцата лишени во Скопје и на двајцата на подрачје на СВР Тетово управувале возило без возачка дозвола, како и еден од лишените возачи на подрачје на СВР Битола. Додека, вториот лишен на ова подрачје управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро се доближува до максималната граница 693,75 м.н.в
Next Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на улиците „Кленоец “, „Српница“ и „Прилепска“

Слични вести

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“ Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера
1 min read

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026 Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026
1 min read

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.