Охрид, 12. март 2026 (ИНПРЕС) – Недостасуваат корпи за отпадоци на патеката кај „Лабино“.
Читатели на InPress до редакцијата испратија фотографии на кои се гледа дека корпи нема.

– При прошетките, ситниот отпад од грицки, чоколади, амбалажа од вода или сок ја носиме со нас додека да најдеме контејнер, велат граѓаните.
Додаваат дека во минатото корпите ги имаше, а за тоа сведочат остатоците од држачите. Бараат барем на овие места да се стават корпи.

Патеката кај „Лабино“ е локација која секојдневно се користи за прошетки од бројни граѓани и туристи, а особено во викендите и од каде се простира неверојатен поглед на езерото и дел од градот.
Патеката на оваа атрактивна локација во стариот дел на градот беше пуштена во употреба во јуни 2017 година. Долга е околу 2,5 километри и е едно од омилените места во стариот дел на градот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
