Скопје, 26. март 2026 (ИНПРЕС) – Момците од 2Bona и Влатко Лозаноски – Лозано ја објавија нивната прва заедничка песна насловена „Минус и плус“.
– „На македонската музичка сцена недостасуваше нов, свеж и несекојдневен музички проект, „Каква спојка, браво момци“, „Спојкава може цел албум да направи заедно“, се само дел од коментарите.
Инаку, музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Лазар Цветковски, Магдалена Ена Цветковска и 2Bona, што резултира со современ звук и препознатлива енергија. Зад видеото стои режисерот Стефан Димитриески- Steadyflow кој со креативен пристап и модерен визуелен јазик ја доловува приказната на песната.
За соработката и првичните реакции, за медиумите проговорија и самите артисти.
– Искрено, презадоволен сум – го погодивме vibe-от што го сакавме. Реакциите се топ и тоа ни е најбитно. Се покажа дека трудот се исплатеше. Драго ми е што луѓето го препознаваат тоа, вели Тони.
– Долго време сакавме да направиме песна со Влатко и неколку пати го дискутиравме тоа со Лазар во студио. Знаевме точно што сакаме и какви ќе бидат реакциите, изјави Кун.
– Одлични се реакциите и тоа навистина ме радува. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина ќе слушнете уште нова музика од нас, беше коментарот на Лозано.
„Минус и плус“ е доказ дека различностите можат да создадат вистинска магија кога ќе се спојат на вистински начин. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
