Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Филмовизија 3“ на охридските гимназијалци со хуманитарен карактер

„Филмовизија 3“ на охридските гимназијалци со хуманитарен карактер

1 min read
„Филмовизија 3“ на охридските гимназијалци со хуманитарен карактер

Охрид, 26. март 2026 (ИНПРЕС) – Годишниот традиционален хуманитарен настан на охридските гимназијалци повторно ги обединува младите таленти и хуманоста на едно место.

Во сабота, 28-ми март, во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот ќе се одржи концертот „Филмовизија 3“.

– Гимназијалците ќе приредат незаборавна вечер исполнета со филмска музика, емоции и солидарност. Публиката ќе има можност да ужива во богата програма подготвена од учениците, кои преку својот талент и енергија испраќаат силна порака за заедништво и поддршка. Дојдете и поддржете ја нашата „Филмовизија“, велат од Гимназијата.

Хуманата цел на овој настан е особено важна – сите собрани средства ќе бидат донирани за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Ева, со што секој посетител станува дел од една поголема приказна на надеж и помош

Картите во ограничен број по цена од 200 денари се веќе во продажба во Гимназијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Викендов започнува летното сметање на времето
Next ДЗС: Подготовки за голема теренска вежба за шумски пожари во Струга во рамките на проектот „Forest Fire Struga“

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.